Ферари направиле промени за да се прилагодат на Саинз

Карлос Саинз стигна до 2ро место во Канада и го напаѓаше Макс Верстапен до последните моменти од трката, а Ферари открија дека направиле промени со цел да го прилагодат Ф1-75 повеќе на шпанецот.

Карлос имаше тежок почеток на сезоната во период во кој неговиот колега победи два пати на првите три трки. Италијанците направиле прилагодувања на болидот соел да го насочат кон стилот на возење на 27-годишниот шпанец.

имаме одличен напредок со болидот, променивме некои работи со цел да го прилагодиме на мене и изгледа дека тоа ни се исплати – посочи карлос.

Тој посакува да продолжи да му станува се поудобно во болидот пред тимот да донесе низа новини кои ќе го дефинираат развојниот пат, а сеуште ја “брка“ својата прва Формула 1 победа и покрај тоа што дури 11 пати зааврши на подиум.

пред некое време кажав, ќе одам трка по трка и нема премногу да се грижам за шампионатот. сакам да се фокусирам на секоја патека одделно и да дојдам во добра позиција и да најдам силни перформанси од болидот.

во канада го направив тоа и бев силен на сите тренинзи, квалификации и трката. притискав многу силни и ми се допаѓаше болидот како што беше и во барселона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ