Ферари незадоволни што ФИА вработува персонал од Мерцедес

Тимскиот шеф на Ферари, Матиа Биното, призна дека е загрижен што поранешен извршен директор од Мерцедес почнува да работи на висока функција во ФИА.

Шаила Анн Рао е назначена за вршител на должност Извршен директор за Формула 1 и Генерален секретар на спортот, улоги кои претходно долги години ги вршеше Питер Бауер. Од 2017 година Бауер беше Генерален секретар, а директорското место го доби лани.

Адвокатката Рао претходно има искуство како директор за правни работи во ФИА од 2016 до 2018 година, а потоа мина во Мерцедес како Советник за општи работи, а потоа и како Специјален советник лично на Тото Волф. Неизбежно е што вработување во ФИА на толку висок советник од Мерцедес наиде на незадоволство од конкурентите,

секако дека сме загрижени. мислам дека таа е одлична личност, има големо искуство и секако дека е повеќе од способна да ја заврши работата, немам никаков сомнеж во тоа. но, грижа е грижа и мислам дека фиа треба да се осигурае да нема никакво судар на интереси, се да биде фер, но тоа е работа на претседателот на кого многу му верувам.

како ферари сме загрижени, но веруваме дека преку нејзиното однесување и одлуки ќе не убеди дека загриженоста ни е погрешна – изјави матиа биното, шефот на ферари.

Тото инсистира дека Рао ќе биде одличен потег за ФИА и дека со нејзиното присуство многу ќе помогне во решавање на проблемите на екипите.

шаила-анн беше дел од фиа пред да дојде во мерцедес, беше главен извршен директор на една огромна спортска агенција претходно така што позитивно е да ја имаме на висока функција во фиа. таа е мнгу транспарентна, впрочем таа е адвокат.

транспарентноста е нешто што многу го критикувавме во минатото, односно недостатокот на истата и сега верувам дека тоа повеќе нема да биде проблем. мислам дека транспарентноста е една од клучните работи која таа ќе ги имплементира и тоа е одлична вест за сите екипи – посочи волф.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ