Ферари не губат надеж во Себ

Главниот извршен директор на Ферари, Луис Камилиери, смета дека Шарл Леклер имал голем удел во перформансите на Себастијан Фетел во сезоната за нас.

леклер имаше огромен удел врз перформансите на фетел. не може тоа да се сокрие кога сте повеќекратен светски првак, а така младо момче има извонредна сезона – појасни камилиери за Sky Italia.

Иако германецот повеќе нема привилегиран статус во тимот, а Биното најави дека почнуваат без јасен фаворит, шефот на тимот не губи надеж во Себ и смета дека тој ќе има клучна улога следната година.

многу години е со нас и добро се познаваме. има огромно искуство, има четири тиули зад себе и беше клучен во нашиот развој на болиот сезонава и во минатото. нема сомнеж дека како таков ќе биде клучен во нашиот проект – најави матиа.

Биното смета дека нестабилноста во перформансите на СФ90 и брзиот тиски колега придонеле во маките на Себ.

ситуацијата секако дека не му одеше во прилог на себ, но тој е многу аналитичен и бара било каков начин за да се подобри. во вториот дел на сезоната се чувствуваше подобро во болидот и беше на слично ниво во трка со леклер, иако шарл остана побрз на квалификациите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ