Ферари не жалат што не потпишале со Хамилтон

Шефот на Ферари, Матиа Биното, не жали што не потпишале со Луис Хамилтон и е задоволен од нивната одлука да го доведат Карлос Саинз на местото на Себастијан Фетел.

Кон крајот на 2019 година, италијанскиот весник Газета дело Спорт откри дека сега веќе седумкратниот светски шампион имал разговори два пати со Ферари во текот на таа конкретна сезона. Самиот Хамилтон подоцна потврди дека разговорите се воделе во седиштето на Ферари во Маранело и Скудерија тргнале во офанзива со комплименти на ривалскиот возач во печатот.

Но, додека Хамилтон размислуваше за преминот во Ферари, овој потег никогаш не се реализираше освен првичните разговори. Скудеријата потоа направи одлучувачки потег на почетокот на 2020 година со откажување на Фетел во корист на потписот на Саинз од Мекларен. Биното беше запрашан дали има жалење што не го спари еден од најуспешните возачи во историјата на Формула 1 со најуспешниот тим во спортот.

Не мислам дека ќе зажалиме затоа што на крајот кога донесовме некои одлуки, ги зедовме мислејќи дека се правилни одлуки и денес имаме фантастичен возач како Шарл, во кого инвестиравме многу како Ферари.

Шарл мислам дека има многу талент. Ако го добие вистинскиот болид, јас сум прилично сигурен дека може да го предизвика Луис Хамилтон. Ние ги направивме нашиот избор и мислам дека заедно со Карлос сме многу силни. Не мислам дека ќе зажалиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ