Ферари не заминуваат среќни од Имола

Тимскиот шеф на Ферари, Матиа Биното, е разочаран од трката на Имола иако двајцата негови возачи завршија во добри поени. 

Возејќи на трета и четврта позиција на 10 кругови до крајот, Ферари имаа шанса за двоен подиум доколку Хамилтон не форсираше толку. Луис ги престигна возачите на Ферари, а потоа и Норис и дојде до втората позиција. Леклер не беше во можност да стигне до ДРС зоната за да му парира на возачот на Мекларен и да го нападне. 

Целиот тим е разочаран и тоа можеби е добро. Поради црвеното знаме, сигурни сме дека имавме потенцијал за добар резултат. Нашиот менталитет е победнички. Ова е добар сигнал – смета инженерот.

Биното е задоволен од перформансите на Ферари. 

Задоволни сме со перформансите. Ова е добра појдовна точка, но ако погледнеме каде бевме минатата година, каде заостанувавме една секунда зад пол позицијата сега сме подобри. Добри сме и на мокро и на суво. Има некои делови каде треба да се поработи. 

Леклер имаше проблеми по рестартот со неговото радио и возел без можност за комуникација со боксот. 

По рестартот, кога Шарл беше зад Верстапен, тој немаше радио комуникација со нас. Тој зборуваше, но ние не можевме да му одговориме. Шарл беше дефокусиран поради тоа, но сепак имаше добар рестарт. Тешко е да се вози во такви усливи. 

Биното е задоволен и од Карлос кој смета дека многу учи. 

Мислам дека Карлос се повеќе учи. Во овие услови беше многу брз. Задоволен сум од него. Ќе имаме силен Карлос на наредните трки. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ