Ферари објаснија зошто не менувале под безбедносно возило

Ферари објаснија зошто не направиле одполнителен притисок над Ред Бул и не влегле во бокс под безбедносно возило за време на Гранд При трката во Мајами.

По сударот помеѓу Пјер Гасли и Ландо Норис во последниот дел од првата трка околу Хард Рок стадионот, Скудерија имаше златна можност да ризикув со стратегијата со надеж дека ќе го порази Макс Верстапен. Додека контролата на трка го замени виртуелното со вистинското безбедносно возило, Верстапен мина до боксот, но тандемот на Ферари не, така што постоеше можност да влезат по свежи гуми.

Но, на изненадување на Ред Бул, италијанците решија да ги задржат двата болиди на патека со стари хард гуми, а Кристијан Хорнер по крајот на трката призна дека им олеснало кога виделе дека Скудерија не се коцка со стратегијата.

ни олесна кога ферари мина крај боксот кога безбедносното возило беше на патеката. макс веќе го мина влезот во боксот, додека ферари имаа можност да влезат на “бесплатна“ промена, но не го искористија тоа. благодарни сме за тоа затоа што ако ставеа софт, ќе бевме 3то место на трката – посочи хорнер.

Ферари објаснија зошто не ја искористиле ситуацијата, знаеле што права и не сметаат дека пропуштиле можност за победа. Леклер и Саинз немале голем избор на гуми во тие моменти од трката, ниту еден од нив немал нов сет софт или медиум на располагање.

Поради тоа имале врзани раце, имале нов сет хард компонента, но Матиа Биното смета дека тоа е полошо одошто користениот загреат сет хард кој го користеле.

верувавме дека во однос на загревањето, користена гума е подобра во тој дел одошто нова затоа што ќе имавме проблеми со загревањето ако ставевме нови хард кои беа единствена нова компонента која ја имавме.

поради тоа одлучивме да останеме затоа што сметавме дека тоа е единсртвена можност која ја имаме, да ги загреме гумите во првите кругови и да напаѓаме, нешто што и го направивме.

најдобра можност за шарл беше првиот круг по безбедносното возило и видовме дека во тие моменти бевме навистина блиску. исто и со карлос, тој со користениот хард доби помош во одбраната против чеко – опиша биното.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ