Ферари одат на храбар дизајн за следната година

Според првичните најави од Маранело, работата на болидот на Ферари за наредната година оди одлично и тие очекуваат храбар концепт. 

Многу тимови со нетрпение ги чекаат новите правила со оптимизам, надевајќи се дека новите болиди кои треба да донесат поблиско тркање и престасување ќе го размрдаат гридот и ќе напредуваат. Ферари се најамбициозни и од тимот најавуваат дека ќе се борат за врвот и се друго би било катастрофа. 

По катастрофалната 2020 година, Ферари се поправија оваа сезона и се борат за третото место, забележувајќи две пол позиции и четири подиуми. 

Предното крило и носот се дефинирани и се доста агресивни. Од цртежите се чини дека резервоарот, шасијата и суспензијата се готови и податоците од симулаторот се задоволителни.

На техничко ниво се прават симулации со специјалисти во Маранело и ефикасно се работи на деталите – изјави анонимен извор од Ферари. 

Ферари работат на тоа нивниот болид да биде доволно конкурентен за да се бори за победи. Тие сеуште немаат одговор на ова, но очекуваат храбар пристап. 

Никој не знае дали Ферари 674 ќе биде конкурентен за победа, но очекуваме храбар пристап за 2022 година. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ