Ферари подготвени да инвестираат “дебело“ годинава

Ферари се подготвени силно да инвестираат во Формула 1 тимот, вклучително и да изградат нов симулатор и се свесни дека ги очекува многу скапа 2020 година. Двојната шампионска титула за Мерцедес оваа сезона значеше и 11та година по ред тимот од Маранело да заврши без трофеј на крајот од сезоната.

Луис Камилиери, Главниот извршен директор на компанијата откри дека компанијата имала рекордна година на финансиски план, а промоцијата и почетокот на продажбата на хибридниот СФ90 Страдале донела голем успех на брендот. Поради успешноста на финансиски план, поголема поддршка е најавена и за Формула 1 тимот на Матиа Биното затоа што двата бизниси се под иста компанија.

подготвени сме силно да инвестираме и имаме среќа што автомобилскиот бизнис може да ги поддржи тие инвестиции не само во однос на луѓе туку и во однос на комплетна инфраструктура – нјави камилиери.

Една од покрупните инвестиции кои ќе се спроведат во Маранело е и изградба на нов симулатor, нешто што веќе е во тек и многу ќе помогне на развојот на новиот болид на компанијата за што италијанците планираат целосна промена на аеродинамичкиот дизајн и моторот.

поради буџетското ограничување од 2021 година сезоната која следи ќе биде многу поскапа. буџетот кој ќе го имаме на располагање е оној кој ни е потребен и секако дека бројот на проектите кои паралелно се развиваат е поголем одошто во минатото.

сите тимови започнаа многу рано со развојот на болидите за 2021 година и поради тоа ќе треба дополнителен буџет, но не работи само за пари затоа што ќе бидат потребни и дополнителни луѓе за работа на сите тие програми. мислам дека ќе бидеме во ситуација која многу успешно ќе ја менаџираме.

Платите на возачите нема да бидат дел од буџетот кој ќе биде ограничен, така што можеби ќе дојде до поголеми барања за плати од страна на возачите, особено откако новите правила треба да донесат поеднаков грид и возачот треба да дојде во центарот на вниманието.

не сум загрижен дека возачите ќе бараат поголеми плати.

Ферари веќе го згфолеми буџетот во пресрет на доаѓањето на Матиа Биното на чело на екипата, но не стигна до победа во првиот дел од сезоната, а на крајот немаше возач во топ 3 поредокот.

ни треба трпение, стабилност и работа. ако гледате историски, мекларен беа успешни, потоа ферари, следува ред бул и сега мерцедес и се се тоа периоди исполнети со голема стабилност во тие екипи. се навикнаа да работат заедно еден до друг, нешто на што сме засилено фокусирани. матиа троши многу време за да се осигура дека имаме кохезија и сплотеност во екипата – заврши камилиери.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ