Ферари потврдија дека размислуваат за Индикар

Тимскиот шеф на Ферари, Матиа Биното, призна дека легендарната марка размисува освен својот Формула 1 тим да почне да се трка и во Индикар серијата, најрано од 2022 година.

Неколку денови откако Марио Андрети побара од Ферари да размисли да влезе во серијата, Биното призна дека Индикар и трките со спортски автомобили се интересна опција за нив со оглед на буџетското гораничување.

Во своето интервју за SkySport Italia, првиот човек на Ферари потврди дека целта е да најдат тркчки серии достојни на реномето на “галопирачкото коњче“ штом буџетското ограничување ќе направи дел од вработените во Маранело прекубројни за Формула 1 проектот.

ферари има огромна социјална одговорност за своите вработени и сакаме да бидеме сигурни дека за секој вработен ќе најдеме место во иднина. поради тоа почнавме да работиме на проценка на алтернативни програми и потврдувам дека размислуваме за индикар што е целосно различно од формула 1, но по промена на правилат од 2022 година кога и таму ќе има хибридни мотори. исто така го разгледуваме и ендјуранс тркањето и други серии така што ќе направиме добар избор.

На големо зборува за намалување на буџетите на формула 1 екипите, а заклучок е постигнат дека лимитот за следната година ќе биде намален од 175 милиони долари на 145 милиони долари. во ферари ние имаме структура базирана на буџетот кој беше одобрен од порано, односно 175 милиони долари, така што дополнително намалување ќе биде дополнителен предизвик со кој треба да се соочиме, како структурно така и организациски – објасни биното.

Ексклузивен снабдувач со шасии во Индикар од 2009 година е Далара, но новите правила во таа серија може да го променат тоа и Ферари да почне да продава свои шасии на гридот во таа серија. Сепак, за нов снабдувач треба да се убедат голем дел од тимските шефови затоа што задоволството од осносот цена – квалитет на производот на Далара е огромно.

Последниот Индикар проект на Ферари беше 637 пред 35 години во екот на недоразбирањата помеѓу Енцо Ферари и Фиа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ