Ферари први ќе ги тестираат 18 инчните Пирели

Според Motorsport.com, следната недела Ферари ќе ги тестира новите 18-инчни гуми на Пирели наменети за од 2022 година, а тоа ќе се случи во Шпанија на патеката Херез.

Како дел од новите правила за 2022 година, сегашните гуми од 13 инчи ќе бидат надградени на 18 инчи, по нивното воведување во Формула 2 шампионатот од почетокот на сезоната во 2020 година.

Пирели сакаат да обезбедат дека ќе го извлечат најдоброто од оваа нова генерација на гуми, па ФИА се согласи да го зголеми бројот на денови за тестирање што италијанскиот производител може да ги има со тимовите во 2021 година на 30. Ферари ќе го спроведе првиот тест во Понеделник на 22 Февруари во Херез.

Италијанците ќе го користат нивниот СФ90 болид од 2019 година, адаптиран да работи со гуми од 18 инчи. Сè уште не е потврдено кој возач ќе биде зад воланот.

Херез, поранешен домаќин на Формула 1 Шпанското Гранд При и предсезонско тестирање, не е подготвен за да овозможи тестирање на влажни временски услови, па затоа Ферари ќе ги тестира само мазните прототипови на Пирели.

Штом започне сезоната во Формула 1 во 2021 година со трката за Големата Награда на Бахреин на 28 Март, тогаш на тимовите ќе им биде дозволено да ги користат нивните сегашни болиди за тестови на гуми во 2022 година.

Промената на ставот од ФИА главно беше одговор на преминот на Мекларен кон мотор на Мерцедес, што значеше дека тие веќе немаат пристап до агрегатот на Рено со цел да ги користат своите стари болиди за какви било тестови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ