Ферари признаа дека имале лоша комуникација со Леклер

Фредерик Васур вели дека Ферари ќе ја анализираат лошата комуникација која се случи за време на Саудиското Гранд При помеѓу Шарл Леклер и неговиот инженер.

Моначанецот имаше силна прва серија која му дозволи да напредне од 12то до 5то место на гридот пред Луис Хамилтон и следуваше 16от круг кога влезе по свежи гуми. Луис промени два круга подоцна кога на патеката излезе безбендосното возило и тоа беше клучно го мине.

Во пресрет на рестартот, на Леклер му беше јавено од страна на инженерот Хавиер Маркос Педрос да притиска од првата линија за безбедносното возило затоа што Хамилтон влегол во бокс. На ова, незадоволниот Леклер се пожали дека требало да ја има таа информација порано.

мислев дека бевме на чисто и дека не се боревме со никој така што се трудев да оставам простор за да ги загреам гумите. потоа хави ми кажа, мислам дека беше пред првата кривина дека се броиме со хамилтон и беше предоцна да забрзам затоа што има ограничување во однос на времето на минување – објасни леклер.

Шарл ја заврши трката на 7мо место зад својот колега Карлос Саинз со многу мака на најтврдата компонента на Пирели. По трката, Васур призна дека стратегот на Леклер не донел добра одлука, но го минимизираше знчењето на штетата.

не беше добра одлука, тоа е, но не беше главниот проблем и не е некоја грешка на која треба да се фокусираме. не сакам да откривам детали, се работеше за лоша комуникација и ќе мораме преку анализа да го поправиме. сепак, тоа не беше нашиот проблем викендов – посочи шефот васур.

Заостатокот на Ферари зад Ред Бул станува се поголем, но Фред откри дека екипата не е засегната туку само насочена кон својата работа.

мислам дека не е вистински став да се мисли на заостатокот, туку да се најде начин како да се намали. мораме да бидеме фокусирани на себе, ги знаеме нашите слабости и мораме да ги подобриме.

ќе го видиме исходот од работата и анализата кога ќе направиме пристоен чекор напред. ако почнеме да мислиме само на потенцијалот, тогаш ќе се загубиме. мораме да се подобриме, тоа е сржта на формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ