Ферари признаа дека Ред Бул е пред нив две десетинки

Во Ферари сметаат дека разликата помеѓу нив и Ред Бул е околу две десетинки по круг. 

На Имола, Ред Бул донесоа нови надградби за да се обидат да ја намалат тежината на болидот и да го пообрат целокупниот пакет по што доминираа во Емилија Ромасо две победи на Верстапен на спринтот и главната трка. 

Ферари сеуште нема донесено надградби и се чува за Барселона, но шефот на тимое, Матиа Биното не е загрижен. 

Дали сме загрижени за развојот на Ред Бул? Секако дека не.

Разликата не е голема. Се работи за неколку десетинки и да не заборавиме дека во Мајами бевме во предниот ред.

На квалификации сме подобри, но треба да го средиме темпото за трка. Доколку има загриженост, таа ќе биде во однос на буџетот за развој.

мислам дека сме во добра позиција и тие ќе завршат со надградби пред нас. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ