Ферари сака ревизија на правилата по крајот на годината

Лорен Мекиес, споредкиот шеф на Ферари, сака да се направи ревизија на правилата по крајот на оваа сезона за тимовите да направат промени во дизајнот. 

Новите технички правила се доста построги и се ограничува експериметирањето со болидите. Рос Браун изјави дека правилата ќе донесат поплаки од тимовите се додека не сфатат дека може да се поиновативни и дека тој што ќе има најдобар дизајн ќе победи. Но, Мекиес сака повторно да се разгледаат правилата по една помината сезона. 

Има помалку слобода и Возбудени сме бидејќи е доста различно од оваа година. Дали болидите многу ќе се разликуваат Останува да видиме. Мислам дека за прв пат ќе видиме разлики. На почетокот на 2023 година ќе видиме дали има доволно разлики и што треба да се направи – посочи мекиес.

Ферари има нов симулатор кој треба да се пушти во употреба многу скоро, машина во кој ќе тестираат Карлос Саинз и Шарл Леклер. 

Потешко се наоѓа балансот и разликата помеѓу голема и мала брзина. Мислам дека ќе биде тешко на почетокот. Ќе биде интересно да се види каков ефект ќе има врз перформансите на возачите. Сме виделе во минатото како нови правила прават проблеми. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ