Ферари со две нијанси на црвено годинава ?

Италијанските медиуми шпекулираат дека годинешниот Скудерија Ферари СФ21 ќе биде обоен во две нијанси на црвена боја.

Италијанците ја подготвуваат овогодинешната промоција во два дел, првиот ќе биде утре и ќе биде првична презентација на тимот со фокус кон луѓето, особено кон новиот возач, Карлос Саинз. Самиот болид ќе биде покажан на 10 Март, два дена пред почетокот на предсезонскиот тест.

Шпекулациите се дека што се однесува до бојата, годинешниот Ферари ќе биде различен од ланскиот, а надежта е дека клучна разлика ќе бидат перформансите по разочарувачкото ланско првенство и пласманот на 6то место кај конструкторите.

Formu1a.uno пренесува дека покрај новиот мотор во кој Ферари “се крстат“ и од кој се очекува перформанси, ќе има и нов менувач и редизајнирана суспензија на која биле потрошени двата дозволен иразвојни токени за 2021 година.

За разлика од Ред Бул и Мекларен чии болиди веќе се претставени и кои екстерно многу малку се ралзикуваат од ланските, Скудерија сака што побрзо да го заборави СФ1000 поради лошите резултати. Италијанскиот печат пренесува дека по портокалово-црвената боја користена на СФ90 во 2019 година и црвената која беше согласно традицијата и се користеше кај ланскиот СФ1000, Ферари ќе го обојат СФ21 со два тонови на црвена боја, посветла на дното и ќе се прелева до темна нијанса на врвот од болидот, слична на бојата на болидот за тркат во Муџело.

Ден по промоцијата закажана ан 10 Март ќе се случи и првото возење со болидот на патеката во Бахреин кога ден за снимање ќе се користи со Леклер и Саинз.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ