Ферари со мали подобрувања во Русија

Ферари планира мали подобрувања за трката во Русија, но тимот не верува дека тоа ќе ги реши некои од главните проблеми на СФ1000.

Иако нивниот фокус е подобрување за 2021 година, која ќе овозможи ревизија на моторот, тие се надеваат дека ќе ја вратат моќта од минатата сезона. Матиа Биното откри дека планирале мали подобрувања на нивните болиди, иако истите нема да ги променат нештата.

Ќе има мали подобрувања, но тоа нема да ја смени големата слика. Мислам дека сме во моменов разделени, а од друга страна користиме премногу пневматици. новините нема да ја променат ситуацијата. Од наша страна мора да разгледаме се, со поглед кон 2021 година. Мислам дека имаме време.

Следниот болид ќе биде еволиција на овој, поради лимитот на правилата. Но имаме можности. Моторот ќе биде нов и го очекуваме тоа.

Дополнително, во овие денови, има големи аеродинамички промени. Сега, има важни аеродинамични решенија. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ