Ферари со подобрен мотор во Белгија

Ферари ќе донесе подобрена верзија од својот мотор на Белгиското Гранд При на крајот од овој месец.

Забраната за развој на одредени компоненти на моторот е воведена од оваа година, но некои делови може да се подобруаат и менуваат до 1 Септември така што екипите во иднина ќе може да работат на издржливоста на своите агрегати, но не и на перформанси.

Замрзнувањето на развојот на моторите беше договорено минатата година, а на него инсистираше Ред Бул откако Хонда се реши да излезе од спортот. Со забраната за развој, моторите ќе останат исти до крајот на 2025 година, по што следуваат нови правила и за нив.

Италијанците од Ферари имаат тежок почеток на оваа година со доста проблеми во однос на издржливоста вклучително и откажувањата на Леклер во Шпанија и Баку додека водеше и беше на прагот на победа. Матиа Биното во своето последно интервју посочи дека се надева оти тимот ќе искористи од последната спецификација која ќе биде воведена пред целосната забрана на раџвојот.

очекуваме подобрувања на хибридниот систем што ќе ни помогне во целиот период додека моторите бидат замрзнати. работие напорно, не престануваме, но новината нема да биде ништо спектакуларно – посочи биното.

Запрашан дали тимот ќе ја копира ланската стратегија на Луис Хамилтон кој искористи 6 мотори во текот на сезоната, надевајќи се дека големата моќ од свежиот и посилен мотор ќе му помогне да стигне до насловот.

нема тоа да биде наша стратегија, туку тоа ќе биде само последица од досегашниот дел на сезоната. дури и да немавме нов мотор ќе требаше да бид етака, не беше планирано. секогаш сакаме да имаме најдобар мотор како однос помеѓу перформанси и издрливост.

Тимскиот шеф на Ферари очигледно стави акцент на перформанси пред издржливост од почетокот на сезоната и остана зад својата одлука.

не сметам дека претеравме со перформанси, затоа што од перформанси никогаш доста, но дефинитивно ставивме приоритет на нив. тоа значи дека сега е време за хомологација на она што ќе се користи во иднина, а мораме да се потсетиме дека имаме и ограничување на бројот на часови кој ги поминуваме над моторот со рестрикциите.

кога немаше огрнаичување, се што требаше е да тестирате поинтензивно и перформансите ќе дојдат, но денеска не е така.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ