Ферари со промени во одделот за шасија

Ферари направија промени во својот оддел задолжен за шасијата со цел да напредуваат на гридот претсојната тркачка сезона.

По тешка 2020 година, италијанците беа во проблеми поради слабиот мотор и големиот отпор кој го генерираше нивниот болид, по што беа многу бавни на правците. Цел е да се подобри моторот на што веќе се работи, но и да се направат темелни промени на шасијата.

Структурата под Матиа Биното останува иста, но променети се шефовите на различни оддели кои самите ќе одлучат каква реорганизација да спроведат. Симоне Реста кој беше главен за шасијата замина во Хаас, а за негова замена беше поставен Енрико Кардиле, а освен тој, директно на Биното одговараат Енрико Гуалтиери кој е одговорен за моторите, спортскиот шеф Лорен Мекис како и одговорниот за снабдување, Џанмариа Фулгензи.

Процесите остануваат исти, но одделот задолжен за шасијата на Ферари ќе биде поделен на четири делови со надеж дека на тој начин ќе се подобри способноста за напредок.  Одговорен за концептот на болидот ќе биде Давид Санчез, перфорнансите на шасијата ќе ги координира Енрико Кардиле, инженерингот на шасијата ќе го надгледува Фабио Монтечи, додека оперативните активности Диего Иоверно. Кардиле во исто време ќе раководи и со шасијата на трка.

Со цел да се олабави притисокот од тимскиот шеф над кој е целиот товар во тимот откако Биното го превзема раководењето од почетокот на 2019 година, промени се направени и во комерцијалниот дел. Комерцијалните и маркетинг активности како и настаните околу брендот ќе бидат дивизерзификувани и под раководство на Никола Боари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ