Ферари СФ-23 промовиран и провозен

Ферари го промовираше последниот член на својата Скудерија, моделот СФ-23 со кој ќе се тркаат сезонава.

Болидот беше покажан на настан во Маранело, базата на тимот и веднаш потоа провозен по патеката крај фабриката, а чест да го “вкусат“ имаа двајцата возачи.

Лани тимот по долго време ја врати конкурентнста и победи четири пати во текот на годината, од кои два пати на првите три трки, но напредокот, односно недостасток на истиот, беше она што им донесе загубена титула.

Матиа Биното беше жртва на неубедливата сезона и беше отстранет одшефовското место, а челникот на Алфа Ромео, Фредерик Васур беше донесен како негова замена. Двајцата возачи имаат договорни обврски до крајот на следната сезона, додека резерви годинава се Антонио Џовинаци и Роберт Шварцман.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ