Ферари Ф1-2000 на Шуми оди на аукција

Формула 1 фановите добиваат ретка можност да поседуваат легендарен и историски модел кој му помогнал на Михаел Шумахер да дојде до својот прв наслов како возач на Скудерија, историскиот Ф1-2000.

Легендарниот болид од првата сезона на новиот милениум ќе биде понуден на продажба на аукција во Хонг Конг. 2000 година беше рекордна за ферари во која освоија 170 поени, 10 победи и исто толку пол позиции на патот кон двојната круна по пауза од 21 година.

Шасијата број 198 е онаа која е пондена на продажба и била користена како резервна во ера во која беа дозволени резервни болиди на секоја трка. Истата беше возена на втората трка од сезоната во Бразил каде Шумахер победи, а истиот тој болид беше користен уште три пати, меѓу кои и за пол позицијаа во Монако.

Последната трка на шасијата била Австриското Гранд При, но Шуми беше елиминиран од Рикардо Зонта во првиот круг, шасиајта се оштети и не беше повторно користена.

Претходно, болиди на Црвениот барон се продаваа за баснословни суми, неговиот Ф1-2003 со кој освои титула беше продаден за огромни 14,8 милиони долари во Ноември лани, додека Џордан 191 со кој дебитираше за 1,3 милиони евра.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ