Ферари Ф2002 на Шумахер оди на аукција

Аукционерската куќа Сотерби оди на прва аукција на Блискиот Исток и тоа со болидот Ферари Ф2002 на Михаел Шумахер.

Оваа аукција ќе се одржи на 30 Ноември како дел од трката во Абу Даби и ќе биде понуден болидот Ферари Ф2002 со кој Михаел Шумахер победи во Сан Марино, Австрија и Франција и ја обезбеди својата петта титула на шест трки до крајот на 2002 година.

Победникот на аукцијата ќе го види неговиот болид испорачан во Фиорано со преработен мотор и трансмисија, а парите од аукцијата ќе одат во фондацијата на семејството Шумахер.

Спојувањето на Мик и Ф2002 е историски момент за Формула 1 и Ферари. Сведоци сме на синот на Шумахер и неговиот болид кој е исотриски за Михаел и Ферари – изјави Оливер Камелин од Сотерби.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ