Ферари донесоа двајца инженери од Ред Бул

Ферари ја завршиле работата со ангажман на двајца високи инженери од Ред Бул во Маранело, според италијанските медиуми.

Според Motorsport Italy, Ферари додале двајца ценети инженери од Милтон Кинс на својот платен список и сето тоа на време за да бидат вклучени во проектот за 2024 година. Како тшто пренесува медиумит, двајцата го завршиле своето задолжително отсуство до 29 Мај и веќе може да почнат со работа во Маранело.

Еден од двајцата бил Дејвид Џорџ кој е инженер за аеридинамика во актуелните конструкторски прваци, има искуство од Ред Бул и Хонда, но и од американските Наскар и Индикар, додека вториот, исто така аеродинамичар, не е откриен.

Секако дека овие трансфери нема да донесат перформанси веднаш, но се гледа решителноста на Фредерик Васур да го подобри Ферари и да го врати на победничките патеки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ