Ферари ќе тестира два различни болиди во Февруари

Како дел од развојната програма на Пирели насочена кон 18-инчните тркала за 2021 година, Ферари ќе тестира посебно прилагоден болид во Февруари, една недела пред првиот официјален предсезонски тест за 2020 година.

Од 2021 година е предвидено користење на поголеите тркала од 18 инчи, а за таа цел Пирели уште годинава имаа првични тестови со Рено, Мекларен и со Мерцедес.

Тестот на поголемите гуми е закажан за шпански Херез на 8 Февруари, 10 денови пред првиот официјален прв предсезонскитест исто така во Шпанија, но во Барселона.

Италијанците веќе најавија дека нивниот нов болид ќе биде претставен од 11 Февруари, што значи дека истот ќе биде подготвен и за датум на кој е закажан тестот со Пирели во Херез. Но, ФИА има специфични правила за тест со овие посебно прилагодени болиди, така шти Скудерија нема да имаат шанса да стекнат не-фер предност. Италијанците треба тетот да го одработат со модифицирана верзија на овогодишниот или пак ланкиот болид.

Од 1 Февруари 2020 година до една недела по последната трка во Абу Даби Пирели доби дозвола да тестира 25 денови со сите екипи.

Поради тоа што новите поголеми гуми се дел од регултивата за 2021 година, на тестот ќе се прибираа информации само за гумите, тркалата и нивните капаци и ништо повеќе. На тимовите ќе им биде забранет пристап до било какви информации поврзани со правилата за 2021 година.

Променети се и правилата за поледниот тест од сезоната кој наместо два дена ќе трае ден подолго и на истиот барем еден ден мора да одработи возач кој ќе се трка во 2021 година. На тој тест ќе се бара од сите екипи специјално да прилагодат свои болиди.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ