Ферари ќе тестира свој стар болид во Муџело

Ферари ќе го тестира својот Формула 1 болид од 2018 година на нивната сопствена патека Муџело во Италија следната недела, а Себастијан Фетел и Шарл Леклер ќе добијат двајцата време во кокпитот.

Како подготовка за Големата награада на Австрија која ќе започне на 5 Јули, Скудерија ќе користи СФ71-Х од 2018 година на 23 Јуни на Муџело, автодром кој иа огромна шанса да организира Формула 1 трка сезонава.

Првичниот план на италијанците беше да се театира на Фиорано, патека во дворот на нивната фабрика, но откако шпекулациите за трка на Муџело станаа се погласни, тие решија да ја променат локацијата. Секој километар по патеката ќе биде многу корисен за нив доколку навистина се донесе одлука за организација на трка на таа патека.

Друг фактор кој во многу придонел да се промени локацијата за тестот е промената надморската височина на Муџело, нешто што е слично со Ред Бул Ринг во Австрија. Тоа ќе биде добро за влегување на возачите во ритам за она што следува како и навикнување на физичките барања на Формула 1 болидот.

На почетокот на неделава, Ферари го провозе својот овогодишен болид низ улиците на Маранело, прво возење на болидот по предсезонскоте тест во Барселона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ