Фетел: Ако се скарате со Кими, проблем сте Вие

Себастијан Фетел смета дека Кими Раиконен е истиот чвек кој го сретнал додека бил младо момче и се тркал низ јуниорските тркачки серии.

Двајцата Формула 1 ветерани, Фетел и Раиконен, беа колеги во Скудерија Ферари од 2015 до 2018 година, период кој беше втор престој на финецот во Маранело откако во својто прв престој таму ја освои титулата во 2007 година, три години пред Себ да дојде до својто прв наслов со Ред Бул.

Тие станале одлични пријатели додека работеле заедно, а во падокот еден крај друг ќе се тркаат само уште два пати поради тоа што веќе 42-годишниот финец ќе се повлече од Формула 1 на крјот од оваа сезона.

секако дека ќе ми недостасува. тој е неверојатен карактер и уживав додека ми беше колега, но да бидам искрен, го знаев и претходно. веројатно тој е еден од ретките возачи кој откако прв пат го сретнав до ден денска, не се променил воопшто, многу е отворен и искрен секогаш.

кога јас како младо момче влегов во формула 1 тој беше докажан возач. отсекогаш многу сме се почитувале и никогаш не сум имал никаков проблем со кими. ако стигнете со него да имате проблем, тогаш проблемот сте вие – посочи себ.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ