Фетел: Безбедносното возило ни ја уништи стратегијата

Себастијан Фетел откри дека стратегијата на Астон Мартин била уништена со двете виртуелни безбедносни возила поради тоа што оние колу нив добиле бесплатна промена на гуми.

Германецот многу рано промени гуми со цел да може да вози со силен ритам на чист воздух откако сфати дека така е многу брз од она што го работеше на петочните тренинзи. Тоа му се врати откако на трката имаше две виртуелни и едно нормално безбедносно возило.

Фетел и пред втората промена немаше среќа затоа што следуваше ново виртуелно возило, така што загуби доста, а предноста од гумите ја немаше.

не беше наш ден. многу рано застанавме за да најдеме чист воздух пред нас и да можеме да возиме со силен ритам, но виртуелното безбедносно возило дојде во целосно лош момент за нас и ми ја уништи трката.

на крајот заглавив на стари гуми и се обидов да фатам приклучок, но не успеав. ленс беше на сежи гуми и побара од мене да го пропуштам за да напаѓа, нешто што со задоволство го нарпавив.

крајниот резултат беше фрустрирачки, но покажавме одличен ритам цел викен, бевме брзи, но можевме да освоиме повеќе поени. сепак, рабоите не одат секогаш како што планираме, а денес беше еден од тие денови. екипата си сработе како што требаше, а ленс ги награди со поен – посочи себ.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ