Фетел возврати на коментарите од политичарите

Откако министерот за енергетика од Алберта го нарече Фетел хипокрит поради носење маица за забрана на дупчење на нафта од таа канадска држава, германецот му возврати и иронично му одговори дека тој е хипокрит. 

Фетел дојде во Канада носејќи маица со слогани за забрана за дупчење на нафта и еколошки слогани за Канада. Министерот за енергетика, Соња Севиџ од Алберта, на Твитер го нарече хипокрит четирикратниот шампион.

Сум видела хипокрит до сега, но овој се надмина себе си. Болидот му е спонзориран од Арамко, која се финансира од дупчење на нафта. Тие се најголем производител на светот и најголем загадувач во светот од 1965 година – посочиминистерката.

Фетел и возврати на Севиџ да ја погледне големата слика и да не прави лични напади. 

Да, јас сум хипокрит, но го правам тоа што го сакам. Разочаран сум од тоа што политичарите навредуваат на лично ниво и не ја гледаат големата слика. Мора да се разбере пораката и да се направи промена на фосилните горива. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ