Фетел го смирува својот колега: Шарл не треба да очајува поради грешката

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, смета дека неговиот колега Шарл Леклер не треба да биде премногу возменирен што пропуштил подиум во Турција затоа што е сигурен дека во неговата кариера многу често ќе има топ 3 пласмани.

Во текот на последниот круг од Турското Гранд При, Леклер направи грешка борејќи се за 2то место со Серхио Перез и откако го мина мексиканецот, доцна закочи и дозволи да го загуби и своето 4то место.

Младиот возач од Монако беше бесен по крајот на трката, а неговата фрустрација јавно ја искажа преку тимското радио.

размислувајќи за многу, многу години порано и гледајќи го шарл како мој сегашен колега, често се гледам себе си во него. тој е многу млад и многу брз.

немав шанса сеуште да разговарам со него, но ќе го направам тоа и ќе му кажам дека во моментов за него е неважно дали е на подиум или не е. има премногу години пред себе и многу искачувања на подиум, нешто за што сум сигурен.

правилно е да биде лут затоа што направи грешка која го чинеше губење на подиум, но како што реков, големата слика е важна за него – советува себ.

Четирикратниот првак е сигурен дека она што се случи на патеката нема да го расипе нивниот однос на последните три трки од сезоната.

мислам дека јас сум доволно зрел и никогаш не дозволувам нешто да застане помеѓу нас. среќен сум за се што тој постигнува и ќе постигнува во иднина затоа што е одлично момче.

беше многу тешка трка за сите нас, бевме многу блиску да загубиме се во различни делови од трката, така што тоа што му се случи во последниот круг сигурно го боли.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ