Фетел дисквалификуван поради недоволно гориво

Себастијан Фетел е дисквалификуван од Унгарското Гранд При и го губи своето 2ро место освоено на денешната трка поради тоа што немал доволно гориво по крајот на трката.

Четирикратниот првак беше блиску до Естебан Окон цела трка, но заврши на 2ро место откако во ниту еден момент не успеа сериозно д асе закани и да мине и на тој начин дојде до својот втор подиум за Астон Мартин годинава. По крајот на трката тој го паркираше својот АМР21 болид крај 12та кривина откако тоа му беше наредено од тимот.

Потоа се покажа дека германецот не го комплетирал кругот за ладење на болидот поради недостаток на гориво во неговиот болид.

За време на испитувањето на болидит по крајот на трката, стјуардите од ФИА немале можност да земат доволно гориво од неговиот болид кое согласно правилата треба да изнесува 1 литро, а наместо толку, во Астон имало само 300 грама. Тоа е прекршување на Член 6.6.2 од Техничките правила кои велат дела задолжиетелно е во болидот да има примерок од горивото од 1 литар во било кој момент од викендот.

Персоналот на тимот од Силверстон, под будното око на ФИА, се обидувал да го извлече потребното ниво на гориво, но не успеал во тоа, по што следувала дисквалификација.

тимот доби неколку можности за да го извади потребното ниво на гориво од резервоарот на болидот, но успејаа да испумпаат само 0,3 литри.

во текот на сослушувањето во присуство на техничкиот делегат и техничкиот директор со претставниците од астон мартин, тие тврдеа дека морало да има останато 1,44 литри гориво во резервоарот, но тие не можеле да го ивадат. до таа цифра дошле преку пресметките во однос на ставеното и потрошеното гориво.

поради таквата ситуација, болидот со број 5 не е во согласност со техниките барања на фиа, според членот кој вели дека во секој момент од болидот мора да може да се извлече едно литро гориво. процедурата на извлекување на едно литро гориво не можеше да биде спроведена – гласи соопштението од фиа..

Астон Мартин има право на жалба на ваквата одлука, но сеуште нема најава од нивна стран за нешто такво. Дисквалификацијата одлично му дојде на Луис Хамилтон кој наместо 3то место и 18 поени, освојува 2ра позиција и 20 поени, така што ја зголемува бодовната предност во однос на Верстапен од 6 на 8 поени. Во исто време, Макс освојува 9то место и 2 поени.

Карлос Саинз од Ферари наследува подиум, втор за него во Скудерија по оној од Монако, додека Латифи и Расел исто така многу ќаруваат со дополнителни 2 поени, вкупно 10 за екипата од оваа трка. Последниот поен си го освојува Кими Раиконен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ