Фетел долго време не можел да ја прифати одлуката на Ферари

Четирикратниот Формула 1 првак, Себастијан Фетел, призна дека му требало многу долго време за да го прифати отказот од Ферари. 

Тимскиот шеф на Скудерија, Матиа Биното, преку телефон му кажал на Фетел дека нема да му го продожи договорот во иднина. 

Дојде од никаде. Повеќе беше конфузно отколку болно. До тој момент зборувавме за продолжување. Би сакал да имавме повеќе дискусии на таа тема и порано да дознаам – се присетува себ.

Многумина веруваат дека Ферари ја виделе шансата да продолжат напред со импресивниот млад талент Шарл Леклер. 

ВО принцип, тимот сака да оди напред. Јас го сакав тоа од стартот, но се промени во текот на сезоната кога знаев дека нема да сум дел од нивната иднина. 

Ова е тешка сезона за Фетел кој не може да му парира на Леклер. 

Кога ми се јави Матиа во гласот сфатив дека не може ништо да се промени. Ми требаше долго време да го прифатам тоа и што ќе правам понатака. Не мислам дека ќе возам Формула 1 кога ќе имам 40 години, но мислам дека сеуште може да понудам нешто. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ