Фетел е “тапа“ под притисок, смета Бергер

Поранешниот Формула 1 возач, Герхард Бергер, смета дека притисокот е единствениот виновник за слабата форма на Себастијан Фетел во последно време.

Германецот имаше лош старт на својот престој во Астон Мартин откако се квалификуваше како 15ти, а патем заработи и казна на стартот поради непочитување на жолтото знаме и почна како последен.

Четирикратниот првак лани во Ферари беше само бледа сенка на својот колега, Шарл Леклер, кој освои три пати повеќе поени од него, а Бергер смета дека притисокот е виновник за сето тоа. Герхард смета дека германецот е најдобар кога не е притискан од колегата од тимот.

себастијан е четирикратен првак и еден од најдобрите возачи, тука нема сомнеж. но, никогаш не реагира добро под притисок. се сеќавате кога даниел рикардо дојде во ред бул, беше силен и го притисна себастијан. за него тоа беше тешко да се соочи, а исто му се случи и во ферари.

кога ќе ги стигнете неговите перформанси, како д не е повеќе слободен, не е доволно релаксиран и се обидува да докаже работи кои во тој момент не се возможни затоа што болидот не е толку добар и неговата форма не е толку силна.

кога сте во таква ситуација мора да седнете, да направите чекор назад и да си кажете дека ќе одите полека и успехот е дојде. кога имате толку многу трки зад себе и веќе четири титули, доашате до момент кога не сте во ситуација да имате желба за сите ризици, а сите борби и сите победи.

на некој начин не оди добро по него, почнува да греши и луѓето се сомневаат во него, тоа е само дополнителен притисок, а како што реков, тој не е добар под притисок п објасни бергер.

Фетел сезонава ќе вози крај Ленс Строл, младиот возач чиј татко е сопственик на тимот, но Бергер не смета дека тоа ќе биде проблем за Себ.

се зависи од неговите перформанси. ако сте побавен од колегата, а колега ви е синот на сопственикот на тимот, работите можеби ќе станат проблематични. ако сте побавен од колегата, логично и природно е тимот да го поддржи побрзиот возач.

на крајот на денот, психологијата е пред се, секако дека е непријатно да имате колега кој е побрз од вас, но понекогаш мора да се соочите со тоа и ако сте спортист ќе црпите мотив од силен колега.

ленс не прави воопшто лоша работа, носи резултати и перформанси, единствено во моментов се мачи со задниот дел од болидот што не е добро. мислам дека во моментов не се проблем возачите туку тоа што астон мартин немаат болид каков што очекуваат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ