Фетел за гумите од 18 инчи: Не се гледаат тротоарите

Себастијан Фетел откри дека не бил во можност да ги види работ на свиоците, односно тротоарите, кога ги тестирал поголемите гуми на Пирели од 18 инчи, кои ќе бидат претставени во Формула 1 во 2022 година.

Заедно со новиот сет технички прописи, новата гума на Пирели ќе им даде на тимовите уште повеќе да размислуваат додека се обидуваат да извлечат максимум од гумите. Секоја екипа, освен Вилијамс, ги тестираше новите гуми од 18 инчи како подготовка за следната сезона, со капаци на тркала, кои исто така се дел од машините за 2022 година.

Големите тркала го прават погледот напред уште полош – изјави Фетел за Auto Motor Und Sport.

Тука се и сите држачи за ретровизорите. Беше подобро кога ретровизорите беа прикачени на халото. Со капаците и големите тркала, воопшто не можете да ги видите рабниците на свиоците.

Во последниве години, возачите беа критични кон гумите поради прегревање, што го зголемува абењето и влијае на грипот, кога се обидуваат да притиснат за време на трката. Откако го спроведе својот тест во Силверстоун, Фетел смета дека овој проблем можеби е решен.

Може да возите подолго до границата без да се прегреат. Тие се поудобни над рабниците и нудат поголем грип при свиоци со бавна и средна брзина.

Во однос на чувството, бев побрз во овие делови отколку со обичните гуми.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ