Фетел за сударот со Шумахер: Требаше да бидеме повнимателни

Себастијан Фетел изјави дека и тој и Мик Шумахер требале подобро да се справат со ситуацијата откако се судрија во завршната фаза од Големата Награда на Мајами.

Врската на Фетел и Шумахер е можеби една од најблиските на гридот, со тоа што возачот на Астон Мартин е во форма на ментор, исто како што таткото на Мик правеше за Фетел пред многу години, но таа врска доживеа жешка точка за време на трката во Мајами.

Шумахер возеше на патеката кон првите поени од неговата Формула 1 кариера, но тој доцна удри во Фетел со што го испрати четирикратниот светски шампион надвор од трката и себе си на задниот дел од гридот. Возачот на Хаас ја премина линијата на 15та позиција, откако беше принуден да застане за ново предно крило.

Стјуардите проценија дека ниту еден возач не е виновен, но Фетел по трката изјави дека и тој и Шумахер требале да возат подобро.

Очигледно е штета што и двајцата остваривме контакт и двајцата пропуштивме да постигнеме поени. Требаше да бидеме подобри, треба да погледнам повторно на видеото.

И покрај откажувањето, Фетел почувствува дека Aстон Мартин е малку подобар по лошиот почеток на сезоната.

Имавме проблем со нашиот систем за гориво и не можевме да го решиме на време. Беше изненадувачки, но штом сфативме, бевме во ред.

Мислам дека болидот беше малку подобар денес. Бев повеќе или помалку во метеж цела трка, но дефинитивно бевме малку побрзи иако тешко да се каже во моментов.

Беше незгодно. Престигнувањето беше тешко бидејќи ефектот на ДРС не е толку голем, да бидам искрен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ