Фетел за СФ1000: Болидот е непрепознатлив

Актуелниот возач на Ферари, Себастијан Фетел, изјави дека неговиот Скудерија ФЕрари СФ1000 бил непрепознатлив во Недела на Австриското Гранд При споредено со тренинг сесиите претходно.

Тој стартуваше од 11то место на гридот откако не успеа д напредува во последниот квалификациски сегмент, а на трка имаше аматерски потег и контакт со Карлос Саинз по кој се изврте и на крајот заврши на 10то место во конкуренција на 11 болиди. Неговиот колега, користејќи го истиот болид, заврши на 2ро место зад победничкиот Мерцедес.

по трката се релаксирав на планина и на село користејќи го сонцето. морав да си ја исчистам главата, а свеж воздух може само да ми годи. никој немаше околу мене, бев сам и разсмилував, при што се почувствував одлично.

на трка немавме брзина, бараме што е проблемот затоа што имаше некои работи кои не беа како што треба. болидот беше непрепознатлив во однос на оној кој го возев во петокот, така што денот беше далеку од добар за мене – изјави фетел за Servus TV.

Запрашан за сударот со Саинз кој во тие моменти го напаѓаше и се бореше со Шарл Леклер, Фетел изјави:

немав намера да нападнам, туку сакав само да останам колку што можам поблиску до него. се бореше со леклер за позициј и не очекував да мине во внатрешниот дел од кривината толку доцна. кривицата е моја, не сакав да имам контакт, но ми се закочија задните тркала.

за болид без рачна кочница, мислам дека добро се снајдов, но секако дека немав намера целосно да се извртам и да продолжам од последно место.

вознемирен сум поради трката и можам да опишам што точно се случи од кокпитот, но не смее да се повтори, недозолено е затоа што можев да имам далеку подобар пласман. имав нов сет најмеки гуми затоа што не успеав да дојдам до к3 во сабота и на крајот можеше со нив да бидам многу силен. вознемирен сум затоа што немавме ритам и брзина сериозно да нападнеме.

Во врска со второто место на Леклер, пласманот делумно ги лечи раните на Ферари.

мора да признаам дека шарл извозе одлична трка и јас сум секогаш тој кој прв ги признава перформансите на останатите. болидот не ни е силен како ланскиот и како што се надевавме, но да видиме колку долга сезона ќе имаме и колкава шанса ќе добиеме да се поправиме.

Тој се осврна и на пакетот новини кои првично беа најавени за Унгарија, но Биното по трката најави дека истите ќе бидат забрзани и добар дел од новите парчиња ќе стигнат на следната трка, Штаерското Гранд При.

тимот дава се од себе и ако имаме среќа порано ќе добиеме дел од новините, но тоа не е потврдено, можеби ќе бидеме изненадени во текот на викендот.

освен тоа што имаме да направиме голем напредок, јас сум задоволен од петок и сабота наутро, но од квалификациите се тргна наопак. во недела бев убеден дека можам да имам подобра трка од 10то место и поради тоа се мачев.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ