Фетел има желба пред да оди во пензија

Себастијан Фетел не верува дека повторно ќе се трка на домашна трка во Германија бидејќи нема знаци дека такво нешто ќе се случи. 

Фетел имаше шанса неколку пати да вози во Германија и победи во 2013 година за време на својата кариера, но за жал тоа повторно нема да се случи.  Со доаѓањето на новите трки во Мајами и Лас Вегас, иднината на легендарните патеки како Спа е под закана. Ретко која стара патека сака да ја плати огромната сума од 50 милиони долари за да остане на календарот. 

Мислам дека нема повторно да се тркам во Германија. Ја имав честа да возам неколку години, Но на крајот има многу места каде Формула 1 сака да оди, но Германија не е подготвена да плати толку пари за да остане на календарот – реален е себ.

Иако Фолксваген се обидува да влезе во Формула 1 преку своите брендови Порше и Ауди за да се зголеми интересот во Германија, сепак нема интерес за трка. Главниот извршен директор на Фолксваген, Херберт Дајс сака тимовите да имаат германски возачи и да има трка во Германија, но Фетел не верува дека тоа ќе се случи. 

Повеќето земји во Европа се мачат. Одиме на нови патеки кои се поддржани со многу пари и спортот се развива во таа насока.

Штета е да се загуби Германија или Спа, Но тие земји не се подготвени да платат толку пари и нема никакви гаранции ниту за Силверстон и Монца. Ќе видиме што ќе се случи во наредните неолку години. Но се сомневам дека ќе одиме повторно во Германија. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ