Фетел и Леклер се согласија за инцидентот

Себастијан Фетел изјави дека тој и неговиот колега Шарл Леклер се доволно возрасни да поминат преку инцидентот што го имаа во првиот круг на трката во Австрија.

Двајцата возачи ја завршија трката во првите неколку кругови поради оштетувањата.

По втор пат во четири трки Фетел и Леклер имаа инцидент помеѓу себе и предвреме ја завршија трката.

Леклер беше побрз да прифати вина за сударот а Матиа Биното изјави дека не е време за обвинување.

Фетел е сигурен дека двајцата ќе преминат преку тоа.

Добро е. Мислам дека сме доволно возрасни да продолжиме напред. Ова беше тежок викенд за нас. И посебно беше тешко што моравме предвреме да ја завршиме трката. ДОбри вести се што има нова трка пред нас наредната недела и не мора долго да чекаме. Да видиме дали Унгарија ќе биде подобра за нас.

Поради овој судар Ферари не успеа да ги тестира надградбите кои побрзаа да ги донесат по лошиот старт на сезоната. Тимот е на петто место кај конструкторите по само две трки и заостанува доста зад Мерцедес.

За шефот Биното ова е најлош крај на разочарувачки викенд.

Овие се несакани работи. Горчлив вкус останува кај нас. Тежок ден за нас како тим. Не треба да се потресуваме многу бидејќи треба да продолжиме далеку.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ