Фетел и Леклер ќе бидат “егал“ од почеток на сезоната

Себастијан Фетел и Шарл Леклер ќе бидат еднакви од почеток на оваа тркачка сезона, откако искусниот германец лани имаше предност на почеток од сезоната. Леклер беше импресивен лани со дури 6 пол позиции, две победи и пласман пред својот колега во првенството по што си заработи нов долгорочен договор и поддршка од тимот од првата трка.

ситуацијата не е иста затоа што шарл има една година искуство со нас. од почеток на сезоната ќе бидат еднакви и ќе може двајцата да напаѓаат за победа. ние им дозволуваме да се тркаат – најави матиа биното при презентацијата на болидот.

Голема слобода за возачите донесе судар лани во Бразил кога тркајќи се меѓусебно се елминираа носејќи нула поени за екипата од траа трка и дозволувајќи му на Верстапен да напредува во возачкиот поредок.

имаме слобода да се тркаме, но во исто време сме и тимски колеги. многу луѓе работат на болидот, екипа сме и работи како в образил лани не треба да се случат. јас научив од таа ситуација и просторот помеѓу нас ќе биде поголем – уверува леклер.

немавме различни болиди лани, возевме исти пакет и имавме иста шанса, не се сомневам во тоа, а не верувам дека нити шарл се сомнева. ништо не е променето, почнуваме со еднаков статус како и лани – смета фетел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ