Фетел и Хакинен ќе возат на Трка на Шампионите

Поранешните Формула 1 шампиони, Себастијан Фетел и Мика Хакинен се меѓу имињата кои ќе возат на Трка на Шампионите наредната година во Шведска. 

Четирикратниот шампион Фетел ќе се пензионира на крајот на годината и на Трката на Шампионите ќе биде колега со Хакинен. Овој настан се одржува од 1988 година и ќе се вози за прв пат на 60 милји од арктикот. 

Други возачи кои ќе учествуваат се Џејми Чадвик, Петер и Оливер Солберг и Јохан Кристоферсон. 

Фетел одамна учествува на трка на шампионите и беше колега со легендарниот Михаел Шумахер со кој неколку пати беше победник. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ