Фетел и Хамилтон се согласија на намалени плати

Луис Хамилтон и Себастијан Фетел се согласија на намалени финансиски примања во однос на потпишаните договори со цел да им се помогне на Мерцедес и Ферари, соодветно, полесно да ја пребродат финансиската криза предизвикана од пандемијата на корона вирусот.

Многу од Формула 1 екипит че доживеат економски удар пред се поради намалениот број на трки што драстично ќе им ги скуси планираните финансии. Доктор Хелмут Марко од Ред Бул веќе пресметал дека пет пропуштени трки ги чинат тимовите збирно околу 100 милиони долари.

Мекларен беа први кои објавија дека нивните двајца возачи се согласиле на намалени плати, а согласно препораките на Владат во Британија, персоналот е на принуден одмор, но не открија бројка за оние кои остануваат да работат од дома. Исто така не е откриено од колкав дел ќе се откаже Карлос Саинз од своите 2 милиони фунти кои треба да ги инкасира годишно, а од колку Ландо Норис од своите 600 ијлади фунти годишно.

Од Италија стигнаа информации дека Шарл Леклер и Себастијан Фетел се согласиле на намалени плати, германецот инкасира 35 милиони фунти годишно, а младиот возач од Монако 8 милиони фунти согласно лани потпишаниот договор. И Хамилтон ќе се откаже од дел од своите загарантирани 40 илиони фунти по сезона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ