Фетел: Користење на DAS системот е како трчање со апостолки

Себастијан Фетел смета дека новиот систем на Мерцедес, наречен DAS, е сигурно тежок за користење од страна на возачите, споредувајќи го истиот со “трчање со апостолки“.

Фетел исто така се запрашува колку време по круг вреди оваа иновација, сугерирајќи дека тоа не е клучен елемент кој вреди победа. Четирикратниот шампион потврди дека Ферари дознале за системот во исто време како и сите други, откако на видео снимките се покажа како Хамилтон го придвижува управувачот.

Го видов и разговаравме за време на паузата за ручек. Очигледно изгледа интересно. Претпоставувам бидејќи го користат, сигурно е легален. Не знам, но тоа се вика управувач, а не педала.

Не знам дали функционира. Претпоставувам дека била потребна многу работа за да се изработи и најверојатно не е толку лесно како што изгледа за возачот да го користи. Ќе видиме, но дефинитивно е новина за сите.

Фетел ја искористи можноста да направи споредба на системот.

Прилично е чудно, може наеднаш управувачот да ви заврши во рака. Претпоставувам дека е чудно. Замислете си како правите нешто постојано, замислете како трчате со патики, а потоа некој бара од вас да трчате со апостолки. Може да го правите тоа, но чувството е целосно поинакво.

Очигледно не е толку екстремно, но додавате нешто што е сосема ново и е чудно најпрвин, но ако ви овозможува предност и способни сте да го правите, зошто да не?

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ