Фетел: Леклер е нешто посебно

Четирикратниот Формула 1 првак, Себастијан Фетел, посочи дека неговиот поранешен колега во Ферари, Шарл Леклер, е нешто посебно и додаде дека во 25-годишниот моначанец се гледа себе си како млад.

Тандемот возеше заедно во Маранело во 2019 и 2020 година пред Скудерија да реши да не го продолжи договорот на Себ и да го донесе Карлос Саинз како замена. Фетел заврши во Астон Мартин каде по две години реши да се повлече од тркачката серија.

Шарл сеуште нема освоено титула, но има пет победи зад своето име откако дојде во Ферари. Во заедничкото време во Маранело, имаше доста шпекулации околу несогласувања помеѓу Леклер и Фетел, но германецот посочи дека стале одлични пријатели.

кога шарл дојде во тимот беше во многу понакво време од животот и кариерата од мене и беше интересно затоа што го следев и одлично се согласувавме. мислам дека уживавме во заедничкото време, а јас во него се гледав себе си како млад и поради тоа добро го разбирав.

во тоа време моја цел беше не само да победам на трки, тоа го правев, но сакав титула со многу, многу победи за тимот. можеби се загубив во бркањето на таа цел.

мислам дека шарл е нешто посебно со оглед на раскошниот талент кој го има и како успева да биде пеколно брз во текот на еден круг, особено на квалификации каде вади се што болидот има и тоа е убаво да се гледа – се присетува германецот.

Себастијан сеуште нема откриено што ќе прави по крајот на возачката кариера во Формула 1, а доктор Хелмут Марко веќе посочи дека го гледа како свој наследник во Ред Бул.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ