Фетел на шега: Нема доволно време во интервју да му дадам совет на Саинз

Себастијан Фетел се пошегува дека нема доволно време во едно интервју за да ги изнесе сите совети што ги има за Карлос Саинз во врска со Ферари.

По шест сезони минати во Ферари, Фетел го напушти тимот на крајот на тешкото првенство во 2020 година. Додека Ферари се бореше за темпо, Фетел беше надвор од конкуренција, постигнувајќи приближно третина од поените на неговиот тимски колега Шарл Леклер.

Беше фрустрирачка последната година со постојано присутни гласини дека Фетел и Ферари не се согласуваат со тоа што германецот се збогуваше по Абу Даби, а неговото тркачко место му припадна на Саинз.

Шпанецот, кој се приклучи од Мекларен, солидно го започна своето време во тимот, не баш во ритамот на Леклер, но не и премногу далеку. Фетел беше прашан дали има некаков совет за 26 годишникот. Тој од смеа одговори:

Веројатно ќе останеме без време во ова интервју.

Но, секоја личност е различна и многу е тешко да се даде совет што одговара на секого.

Карлос е доволно паметен за да учи брзо и има соодветно опкружување на луѓе, јас го знам ова добро затоа што сум работел со многумина од нив.

Ќе биде добро. Сè додека шпанскиот печат го остави на мира.

По објавата на Ферари дека Фетел ќе си замине, имаше гласини дека Даниел Рикардо ќе го заземе неговото тркачко место во Ферари. На крајот, сепак му припадна на Саинз, а Фетел верува дека шпанецот е вистинскиот возач за Ферари.

Карлос го заслужува воланот што го има.

Го познавам долго време, беше многу мал и ја помина програмата на Ред Бул.

Сега се чини дека помина долго време, но тоа е затоа што тој беше навистина млад кога пристигна.

Мило ми е што имав можност да возам за Ферари, бидејќи тие се едни од најпознатите иконски тимови во Формула 1.

Се надевам дека ќе помине добро. Отсекогаш ми се допаѓаше, тој ми даваше поддршка дури и кога бев помлад возач и работев многу на симулатор, што исто така ни помогна да освоиме шампионски титули.

Тој ја има главата на место, паметен е и заслужува да биде таму каде што е.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ