Фетел незадоволен од дисквалификацијата, бара поголема толеранција

Себастијан Фетел смета дека Формула 1 екипите треба да имаат поголема толеранција околу минималното количество гориво по крајот на трката, проблем поради кој четирикратниот првак беше дисквалификуван од Унгарското Гранд При.

Германецот го загуби 2то место на Унгарското Гранд При откако по крајот на трката од неговиот Астон Мартин не можеше да биде извадено потребното количество на горивот од 1 литар за анализа од страна на ФИА. Екипата беше убедена дека во болидот има договлно гориво, а причина поради недостатокот беше проблем со пумпата за гориво, но и покрај тоа ФИА остана на својата одлука за дискавалификација.

правилата се јасни и поради непочитување на истите, ние бевме дисквалификуцани. јасно е дека сум тажен и мислам дека околностите беа такви и ние страдавме од одземеното второ место. никој не сака дисквалификација и сметам дека ФИА требаше да биде потолерантна. не знам што и како треба да се напише на хартија, но тоа не е моја работа и мислам дека таква флексибилност треба да мислат одговорните за правилата – смета себ.

Германецот исто така откри дека тимот немал никаква најава во текот на трката дека имаат некаков проблем со пумпата за гориво, така што откринот дефект по завршетокот на настанот бил шок за нив.

стигнавме до одличен резултат за тимот и освоивме многу поени, така што дисквалификацијата силно не разочара. тоа е тоа, не можевме да направиме ништо повече, јасно е дека во текот на трката го имвме горивото под контрола, барем така мислевме. во последниот круг дознавме дека нешто не е како што треба.

бевме многу изненадени дека горивото не беше бо болидот, бевме огорчени, но правилата се такви, мораме да ги прифатиме и да продолжиме понатаму. беше одличен ден затоа што освоивме многу поени, но имаме уште многу трки на кои ќе се обидеме да надоместиме.

Иако дисквалификацијата го чинеше многу поени, Себ научил нешто и од таква трка и ќе ја памети по добро.

бев на подиум по крајот, бев возбуден, иако по крајо не ја добив наградата и поените. тоа е огромно разочарување, но во моментов се сеќавам на емоциите и прославата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ