Фетел не е загрижен за сударите на Шумахер

Мик Шумахер оваа година имаше доста за учење, а Себастијан Фетел не е загрижен што младиот возач имал доста судари. 

Хаас се одлучија да не го разиваат својот болид за да се сконцентрираат на тој за претстојната година со нови правила и поради тоа нивните возачи оваа година учеа како функционираат работите во Формула 1. Мазепин го доби прекарот Мазеспин поради многуте извртувања додека Шумахер е возачот кој има предизвикано најмногу штета. 

Фетел, кој му е ментор на Шумахер, изјави дека иако младиот возач искршил седум болиди сепак нема потреба од драма. 

Тој беше одличен во најлошиот болид на гридот. Го остави колегата зад себе. Искрши повеќе болиди од било кој друг, Но ова му е прва година и учи многу. Тоа не е дозволено во иднина во процесот кога ќе стане потешко – смета четирикратниот првак.

Најдобрите моменти за Шумахер беа во Унгарија кога се бореше со Макс Верстапен и во Турција кога влезе во К2 квалификувајќи се на 14та позиција. 

Би сакал да има подобар болид во 2022 година и да се искористи неговиот талент. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ