Фетел: Не можев да го задржам болидот на патека

Себастијан Фетел ги заврши квалификациите за Британското Гранд При велејќи дека работите не може да бидат полоши, но ниту Фетел, ниту Ферари, можеа да замислат како ќе помине трката во Недела.

Фетел се најде себе во “заборавена земја“ во трката. Покрај двете безбедносни возила, германецот не успеа да надомести позиции од своето 10то стартно место. Наместо тоа, тој падна подолу и беше претекнат од Гасли и Албон во завршницата.

Се обидов се. Го променив стилот на возење секој трет круг, но на крајот немав многу доверба во болидот. Секој пат кога се обидував да сопрам подоцна, беше тешко да го задржам болидот на патеката.

Како што е сега, не одиме никаде. Има некоја основна грешка во болидот, или во мене или во болидот. Ова не е добар период.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ