Фетел не му е лут на Леклер

Себастијан Фетел вели дека тој и неговиот колега, Шарл Леклер, се доволно зрели за да извлечат поука и да продолжат понатаму по инцидентот од првиот круг на Ред Бул Ринг кој ги елиминираше од трката.

Иако СФ1000 имаше нови делови за втората трка од календарот, тоа не ги подобри перформансите на болидот, а тоа што трката не ја завршија значеше пропуштње на фантастична можност да се истестираат новите делови во текот на 71 круг.

Фетел се паркираше во гаражата веднаш по сударот и се откажа од трката со целосно уништено задно крило, додека Леклер продолжи уште неколку кругови, но се откажа во 4от поради силно оштетување на подот на болидот.

Леклер ја превзема вината во својата изјава по крајот од трката, а возачите веднаш се ракуваа пред медиумите во делот за давање изјави штом ги напуштија своите болиди.

ми кажа дека “зезнал“ работа и тоа за мене е доволно да го затвориме овој случај. не му замерувам и н сум лут. на крајот на денот тешко е и за двајцата затоа што трката требаше да ни даде важни одговори на многу прашања воврска со перформансите – смета себастијан.

Ова не беше прва меѓусебна елиминација на двајцата возачи затоа што и лани во Бразил имаа судар по кој се елиминираа додека се бореа за подиум.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ