Фетел никогаш не бил ни блиску до враќање во Ред Бул

Себастијан Фетел откри дека не бил ни блиску до враќање во Ред Бул и покрај разговорите со шефовите на тимот од Милтон Кинс откако се објави неговото заминување од Маранело. 

Фетел освои четири титули во шест години со Ред Бул пред да премине во Ферари сакајќи да го следи патот на својот идол и херој, Михаел Шумахер. Ферари одлучи да не му го продолжи договорот на Фетел кој истече на крајот на 2020 година и тој премина во Астон Мартин. 

Ред Бул се одлучија за Серхио Перез кој остана без тим откако Астон Мартин го донесе Фетел на негово место. 

Одлучив да се приклучам на Астон Мартин уште пред да се разговара за заминуње на Алекс Албон. Не бев ни блиску до договор со ред бул.

Секако дека одлично го познавам Кристијан и Хелмут и имав разговор, но ништо сериозно. Не дојдовме до таков момент. Среќен сум со изборот што го направив – искрен е себ.

Фетел одлучи да се пензионира на крајот на оваа сезона и оваа година има доста проблеми со Астон Мартин, но тој воопшто не жали. 

Очекувавме да сме поконкурентни, но не бевме. Среќен сум со работата и напредокот на тимот. Не ни се исполни сонот, но тоа е тркањето. Дадов се од себе. 

Тој потврди дека нема планови надвор од Формула 1 и не размислува за ништо поврзано со тркачката серија. 

Времето ќе покаже дали има понуда за нешто такво. Среќен сум што ќе поминам повеќе време дома. Доколку ми досади ќе видиме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ