Фетел оптимист: Астон ќе бидат прваци, со или без мене

Себастијан Фетел е убеден дека неговата сегашна екипа, Астон Мартин, ќе стане Формула 1 шампион, без разлика дали тој ќе биде во кокпитот или не.

Откако Лоренс Строл ја превзема Форс Индија и ја ребрендираше најпрвин во Рејсинг Поинт, а потоа и во фабричка Астон Мартин екипа, милијардерот секогаш најавува дека има само една цел, а тоа е титула. Планот е да се стигне до насловот во следните пет години, амбициозен проект за тимот кој во моментов е на 7мо место во поредокот.

Четирикратниот првак, Фетел, не се сомнева дека целта ќе биде постигната, но не знае во кој ток.

ќе видиме. тимот константно расне и напредува и мислам дека ќе успее да стигне до зацртаната цел. јасно е дека е многу тешко и невозможно да се предвиди колку ќе им треба затоа што целта е високо поставена, но како што гледам, тимот работи како што треба.

многу е возбудлов да се биде дел од тоа во пресрет на големата промрна на правилата догодина. сите се возбудени за да се види што ќе се случи во падокот, но во моментов прогнозие се невозможни, мора да почекаме – смета себ.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ