Фетел: Отпорот ни е најголем проблем

Себастијан Фетел откри дека отпорот на овогодинешниот болид на Астон Мартин е најголем проблем на тимот во трката за перформанси сезонава.

Тимот беше силно погоден од аеродинамичките промени кои ФИА ги воведе на подот од задниот дел на болидот пред почетокот на сезоната. Астон освоија многу поени низ градските Монако и Баку, но на побрзите патеки беа зад Алпин и АлфаТаури, така што во моментов се 7ми конструктор во шампионатот.

Според четирикраниот првак, Себастијан Фетел, најголем проблем е силниот отпор и недостаток на потисна сила која комбинација тешко се надминува.

имавме трки на кои бевме навистина добри, но и трки на кои се мачевме многу. се на се, битно е да сте конкуренти, а во тој поглед нашиот болид има многу голем отпор.

немаме претерано ефикасен пакет, а дополнително, немаме ни доволно потисна сила и тоа е нашата главна слабост, нешто што тешко се надоместува – објасни четирикратниор првак.

Германецот откри дека тој и неговиот колега даваат се од себе да ги отстранат слабостите со паметно менаџирање на гумите и ефикасна стратегија, а на последната трка во Катар, Ленс Строл стигна до 6то место со една промена на гуми.

понекогаш карактеристиките на самата патека ни помагаат и со добро сетирање и добро менаџирање на гумите дополнето со умна стратегија доаѓаме до добар резултат.

се на се, кога болидот е оптимално подесетн, можеме да направиме разумна работа и да дојдеме до поени. но, не успеваме секогаш да дојдеме до тоа ниво, а гридот е многу конкурентен и силен. на половина од сезоната, се чини дека многу екипи повеќе напредуваа од нас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ