Фетел очекувал повеќе од Астон Мартин

Себастијан Фетел оваа година имал доста добри и лоши моменти во првата сезона со Астон Мартин.

Четирикратниот шампион се приклучи на тимот по шест години минати во Ферари каде не стигна до титула. Оваа сезона тој се искачи на само еден подиум, но подоцна беше дисквалификуван. 

Мислам дека тимот е одличен. Уживам да работам со нив и ова секако е голема промена, Но во однос на резултати сум разочаран. Целиот тим се надеваше на повеќе – посочи себ.

Астон Мартин ја заврши сезоната на 7та позиција со 77 поени, а една година претходно, тимот зврши на 4то место со вкупно 195 поени. 

Мислам дека правилата ни наштетија бидејќи претходната година имавме одличен болид. Направивме што можеме и сега се надеваме на новиот болид со новите правила и растот на тимот кој треба да биде уште посилен. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ