Фетел очекувал повеќе од Ферари на дожд

Себастијан Фетел остана разочаран по ритамот на квалификациите на Ферари при дождливо време денеска на Ред Бул Ринг.

Германецот беше најбавен во последниот квалификациски сегмент, но успеа да влезе во истиот, за разлика од Шарл Леклер кој се квалификуваше на 11то место, но со казната ќе тргне од 14та позиција.

Вообичаено дождовите ги намалуваат разликите помеѓу тимовите и возачите затоа што оние кои се мачат со праволиниска брзина на правиците, како Ферари годинава, при силен дожд немаат толкав заостаток.

Сепак, мократа патека воопшто не му помогна на Ферари, а Себастијан заврши на квалификациите со 2,4 секунди заосаток во однос на Хамилтон.

очекував многу подобри перформанси при услови како денешните. сесијтата беше многу тешка за нас, се мачевме да ги оптимизираме гумите и не знаеме зошто беше тоа тоа. имав многу аквапланинг особено на крајот од вториот и третиот квалификациски сегмент кога дождот беше најсилен.

не беше идеално тоа секако, но мораме да се осигураме дека ќе дадеме максимум сезонава и веќе следниот пат кога ќе врне ќе бидеме посилни. утре треба да е суво и многу поинакво и ќе дадеме се од себе, ќе се бориме до последен здив – најави себ.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ